НАТЕЖНА ПОДДРШКАТА ОД АКЦИОНЕРИТЕ ВО ПОБЕДА

Nebojsa StojkovicФудбал: Небојша Стојковиќ останува претседател

– Ослабени сме, ама ќе се бориме и во првенството и во купот

Фудбалскиот прволигаш Победа и годинава ќе го води извршниот директор – претседател Небојша Стојковиќ. Одлуката ја донесе по речиси едномесечно консултирање со соработниците. За актуелностите одговара на нашите прашања.

Имавте двоумење?

-Есеноска играчите почнаа да губат доверба во Победа, затоа што се доцнеше со исплатата.Се плашев од повторување. Тука не можам да помогнам, оти не сум тој што наоѓа пари, туку само ги распределувам. Мислев дека можеби ќе се најде некој друг човек што ќе може подобро. Акционерите  застанаа зад мене, ја имам нивната поддршка без оглед што и да се случи натаму.

Како издржувате?

-Клубот е без стадион. Не е и нема да биде лесно. Затоа долго мислев. Ама кога нешто ти е во крвта влезено и ти даваат поддршка луѓе што се со голем авторитет – продолжуваш.

Почнаа тренинзите?

-Тие се на вештачка трева поради тоа што на Могила има премногу снег и нема услови. Некаде по 15 јануари, ако се обезбедат средства, ќе се оди во Дојран. Првенството продолжува на 17 февруари и имаме време. Пак тимот се менува… Не е тоа што сакавме. Една работа добра направив што сите фудбалери потпишаа по двегодишни договори, така што со нив, ако не оваа година, наредната да се бориме во Европа. Но, се задоцни со платите и незадоволните играчи заминаа, Се разделивме со Манчевски, Драгарски, Маркоски, Мустафов, претходно со Нвабуезе, а неизвесни се Исаевски, Велкоски и Шопоски.

За доаѓање?

-Малку потешко е во зимски предоен рок да се најдат квалитетни играчи, но се трудиме. Тренерот Јане Николоски веќе разговарал со неколкумина заинтересирани. Двајца речиси се сигурни. Ослабени сме, ама ќе се бориме и во првенството и во купот.

Странците?

-Остануваат Макота, Мандиќ и Јаќимовиќ. Треба да дојдат и неколку странци на проба. Но ќе видиме. Добро е што е оздравен младиот Трајкоски, а малку подоцна на теренот ќе се врати и Жоглев.

Потенцијални купувачи?

Победа е бренд. Слушаме низ градот дека се нуделе купувачи?

– Засега ништо конкретно. Сум слушнал, но не можам да потврдам дека имало човек од државава што сакал не да го купи клубот, ами да откупи акции. Не знам кој е. Од друга страна, имав контакти со еден странец кој пројави интерес, но ја пролонгираше средбата. Ништо не е сигурно, бидејќи има преговори и вообичаени процедури.

Loading