ДЕБЕЛИНАТА НОСИ ОТПОРНОСТ НА СТУД

tezina

Луѓето со повеќе маснотии во телото се поотпорни на студ, бидејќи масните наслаги ги штитат внатрешните органи. Од друга страна, луѓето со поголема тежина често се позиморливи од оние со просечна тежина. Мозокот комбинира два параметра – температура на телото одвнатре и температура на површината на кожата, за да одлучи како телото да реагира на студот.

Стручнаците објаснуваат дека пополните луѓе чувствуваат студ, поради поголемата површина на кожата, но и поради други фактори. Поситните луѓе со поголема површина на кожата во однос на нивниот вкупен обем на телото, се поизложени на студ, но брзо се приспособуваат. Додека лицата со поголема мускулна маса имаат подобра заштита на кожата, оти мускулите генерираат поголема телесна топлина.

Затоа најдобро го поднесуваат студот луѓе кои се и здрави и дебели. Сепак и во дебелината е потребна умереност.

Loading