„ТРИ ПИСМА“ НА СЦЕНАТА НА ТЕАТАРОТ „ВОЈДАН ЧЕРНОДРИНСКИ“

Tri pisma

„Три писма“ од авторот и режисер Маринко Шлакески ќе биде прикажана на петти јануари од 19 часот во театарот „Војдан Чернодрински“. Се работи за психолошка монодрама, приказна за еден општествен распад.

– Ема, што ја игра Лора Штаргоска, во своите доцни 40 години, влегува во напуштената куќа на нејзината тетка која е почината пред речиси 20 години. Оставени во еден дрвен куфер, наоѓа три писма од нејзината тетка, кои едно по едно ја разоткриваат очајната приказна за распадот на нивното семејство. Луѓе исчезнуваат од големата семејна фотографија на ѕидот, косата и станува се побела и побела со секое прочитано писмо. Ќе биде немоќна да ја отвори вратата и да замине, осознавајќи дека станува затвореник во куќата без некој или нешто физички да ја спречува да замине – вели режисерот Шлакески.

Претставата е играна и на англиски јазик во септември на меѓународниот театарски фестивал во Дион, Грција, при што се добиени награди и признанија (Ема – Леона Митревска).

Овојпат ќе се игра на македонски јазик, ќе биде снимана и ќе  учествува на ревијалниот дел како специјален гостин на државниот театарски фестивал за средни училишта на Србија во Крагуевац во средината на април и ќе конкурира на меѓународниот театарски фестивал од натпреварувачки карактер во Сараево во септември и во Варшава во октомври.

Loading