ОБЈАВЕН НОВ БРОЈ НА СПИСАНИЕТО „СТРЕМЕЖ“

stremezИзлезе од печат новиот број на списанието за литература, уметност и култура „Стремеж“ што го издава ЦК „Марко Цепенко“. Во рубриката поезија во вториот број за 2018 година се објавени нови песни од Катица Ќулавкова, Линдита Ахмети и од Николина Андова-Шопова. Може да се прочитаат расказот ,,Песна,, од Блаже Миневски, извадокот од романот ,,Кај што реката го бакнува небото,, од Билјана Тинтоска и расказот ,,Зошто венеат цвеќињата,, од Иван Антоновски во рубриката проза. Кај насловите во страниците насловени како нови гласови се промовира поезијата на младиот македонски автор Борислав Јарчевски. За преводите како препев се пренесени песни од словенечкиот поет Иван Добник. Препевот на македонские на Драгана Евтимова, ПОтоа се носат стихови од турскиот поет Гокченур Челебиоглу во препев на Игор Исаковски и песни од германската поетеса Нора Гомрингер препеани на македонски од Зоран Радически. Меѓу критиките, есеите и студиите, Максим Каранфиловски пишува за зборникот ,,Како го читам Конески,,, Лидија Капушевска-Дракулевска се осврнува на поетската книга ,,Небесна пантомима,, од Зоран Анчевски за која авторот ја доби престижната награда ,,Браќа Миладиновци,, на Струшките вечери на поезијата, а Габриела Стојаноска-Станоеска пишува за митските фигури во прозата на Тања Урошевиќ. Во ИН МЕМОРИАМ е објавена био-библиографија на академик Милан Ѓурчинов (1928-2018) и неговиот текст ,,Можности и перспективи на вредносната критика во современата литература,,, како и освртот од Бобан Карапејовски за неговиот живот и творештвото на овој критичар и есеист. Објавена и био-библиографија на драмскиот писател, сценарист, преведувач и универзитетски професор Горан Стефановски (1952-2018), извадоци од неговите драми во избор на актерот Димитар Ѓорѓиевски од театарот ,,Војдан Чернодрински,,, како и текстот ,,Писмо до човекот кој беше пред своето време,, од Иван Антоновски.

Loading