КУСА ПАУЗА

Ракомет

И ракометарите одмараат. За машкиот суперлигаш Прилеп паузата е добредојдена за клупска консолидација. Надеж е дека ќе се најдат сили за доведување неколку засилувања и подзасилениот тим да се оддалечи од дното на табелата. Засега изгледа веројатно дека ќе биде избегнато директното отпаѓање, но добро е да се одбегне и учеството во баражот. Стартот на подготовките се очекува по кусата пауза.

Женскиот тим на Деспина една недела порано ги заврши натпреварите. Во единствената женска лига нема отпаѓање, но е добро да се освои некое повисоко место, околу средината од табелата. Успех е самото постоење на клубот, каде освен сениорска, работи и младинска екипа. Во иднина се очекуваат плодовите – квалитетен сопствен играчки кадар. Наредните натпревари за бодови се во февруари.

Loading