ЅВЕЗДА НА ЕЛКАТА

ukrasuvanje-elka-1

За новогодишните и божикните празници се декорира елка, се украсува домот во празничен дух. Во тоа време се собира семејството, се разменуваат подароци и се планира годината што претстои.

Малите, а и возрасните, се радуваат на китењето на елката. Многумина не знаат која е причината. Објаснувањето лежи во една руска бајка. Имено, над пештерата во која Христос бил роден растеле бор, кедар и елка. Нив ги обсипала светлината на Христовото раѓање, па посакале и нешто да подарат. Кердарот ги затресол гранките и пред пештерата паднале иглички полни со убав мирис. Борот ги спуштил најубавите шишарки, а елката горчливо плачела, оти немала мирис на игличките, ниту имала шишарки. Нејзините солзи ги видела ѕвездата, па се сожалила. Испратила мала ѕвезда да се спушти на нејзиниот врв. Тогаш таа ја прекрила со ѕвездена светлина и длабоко започнала да се поклонува и ја спуштила ѕвездичката пред пештерата каде во јаслите на сламата лежел Христос. Затоа на врвот на елката се става ѕвезда, како знак на љубов кон Исус Христос.

Подароците под елката се потсетување на Христовото раѓање и баш таа радост треба да ги израдува децата.

Украсувањето на елката за Бочик како денес датира од средниот век во Германија. Наместо лампиони, на елката се обесувале јаболка, слатки во различни форми и свеќи кои асоцирале на вечната светлина на Исус Христос. Обичајот се проширил низ Европа. Во Англија се китела елката со бомбони, хартиени цвеќиња, панделки и мали подароци. Тоа го правеле богатите, а потоа и другите слоеви.

Loading