БЛЕСОК СО МОДНИ ДОДАТОЦИ

modaНовогодишната ноќ е вечер за експлицитен израз на нескромност или впечатливост според длабочината на џебот. Треба да доминира сјајот на секој дел од женската става. Ако се прогнозира неверојатна забава, потребно е приведување до изглед од ,,милион долари,,.

Еве неколку трикови за неверојатен изглед по пристапни цени.

Црниот тантелав фустан изгледа храбро, откачено и шик. Ако се украси со светкави елементи, се бега од класиката. Се приспособува на фигурата и дава оптичка совршеност. Накитот маѓепсува на прослави. Новогодишниот се разликува од секојдневниот или божикниот. Нужно е да се усогласат главно бакарната боја на герданот, обетките и часовникот. Шминката го заокружува изгледот. Гламурозноста доаѓа со нагласена шминка на очите и усните, а остатокот треба да формира прекрасна заднина. Значаен елемент е фризурата која би требало да биде екстравагантна, хармонизирана со облеката. Да се долови импресивноста, се гази со елегантни црни чевли со тенок топук од најмалку 12 сантиметри. 

Loading