БЕЗ НОВОСТИ ОД ПОБЕДА

pobedaФудбал

Одмор е за фудбалерите на Победа, но и за сите во клубот. Во овој период нема никакви новости. Се очекуваат информации за играчкиот кадар: дали сите остануваат (освен заминатиот Нвабуезе), или ќе има некоја промена. За главното тренерско место нема дилеми. Јане Николоски ќе биде шеф на Стручниот штаб. Уште е неизвесно претседателското место. Досегашниот прв клупски човек Небојша Стојковиќ не се изјаснил, покрај предлогот од компаниите-акционери тој да биде на чело и следните шест месеци. За ова требало да има состанок, со договор за буџетот.

Првиот тренинг ќе биде по празниците.

Loading