„БЕСКОНЕЧНОСТ“ ОД ПЕТРЕ НИКОЛОСКИ

Изложба

Beskonecno - izlozba od Petre  Nikoloski

Изложбата „Бесконечност“ од нашиот уметник Петре Николоски, кој живее и работи во Велика Британија е поставена во Националната галерија на Македонија. Поставени се неколку поранешни дела и инсталации на авторот, како и неколку нови, клучни дела кои градат ин-ситу, во галерискиот простор и се „моделирани“ од книги, донирани од страна на поединци, институции, издавачки куќи, сите алтруистички настроени индивидуалци кои сакаа да земат активно учество во проектот на Николоски. Претставата го анимира целиот простор на Чифте амам.

-Книгата е метафора и примарен материјал во моделирањето на јадрото на оваа изложба во форма на обелиск и бесконечна полица чиј резултат ќе зависи од алтруистичкиот придонес на авторите на пишаниот збор и оние за кои книгата е поглед во вистината – вели Николоски.

Николоски имал бројни самостојни изложби во змејата, во БиХ, Англија, Србија, Португалија, Австралија, Италија.. како и групни во Шкотска, Јапонија, Турција, Германија…

Loading