ВЛЕГОА ВО ПРВА ЈУГОСЛОВЕНСКА

Историја

Значаен ден за прилепското карате беше 9 декември 1989 година. На завршниот првенствен турнир екипата на Енергоинвест 11 Октомври го освои  првото место во Втората лига – Исток и стана член на Првата југословенска лига. Доволен беше триумфот над Зета Будва (4-3) за при славјето на крајот да се дозволи пораз (3-4) од Студентски град Белград. Во лигата конкуренти беа уште: Котор, Партизан Штип, Младост Земун, Водно Скопје, Трепча К. Митровица, Црвена звезда и Соко Штарк од Белград. Тренерот Милан Башески располагаше со врвни каратисти: Наум Трајкоски, Трајче Димоски, Владо Попески, Орце Стојчески, Наум Куртовиќ, Идриз Провалија, Златко Димоски, Никола Трајкоски, Љупчо Трајкоски, Петар Камчески, Томче Лазарков.

Во Универзалната сала беа рекордни 1500 гледачи.

Loading