ПРИРОДЕН ЕЛИКСИР Е ПРАЗОТ

praz slika

Празот има долги, сплеснати, зеленкасти листови. Подземниот дел е бел, меснат и задебелен. Аромата е порафинирана од сродните растенија. Расте до половина метар.

Бидејќи празот е во групата со лук и кромид, има слични својства, но значително поблаг вкус и мирис. По нутритивниот состав е сличен на сродниците. Содржи повеќе белковини, бета-каротин и витамин Ц. Свежиот праз е одличен извор на манган, железо, фолна киселина, витамините Ц и Б6. Со варењето се намалуваат витамините и минералите. Варен станува добар извор на манган, железо, фолна киселина и витамин Б6. Се јаде свеж. Со готварска подготовка нема драстичен губиток на микронутриентите. Да се зачува свежината се препорачува да се стави во жешка, наместо во студена вода. Напролет се користи за прочистување на организмот.

Празот е драгоцен поради органосулфурниот состав, различен од некои зеленчуци. Содржината поволно влијае на здравјето. Го помага метаболизмот како превенција на малигни заболувања. Едовремено, го подобрува одбранбените системи во организмот. Празот содржи елементи кои делуваат како природни антибиотици, за пад на крвниот притисок, јакнење на имунолошкиот и кардиоваскуларниот систем и за намалување на холестеролот. Тој ги активира ензимите за детоксикација.

Боогатството од етерично масло поттикнува лачење на соковите за варење, кои добро влијаат на излачувањето на мокрачата.

Дневно се внесуваат 3 до 5 оброка зеленчук со вклученост на праз.

Loading