ПОСТОИ 55 ГОДИНИ

ФК Големо Коњари (Братство)

Прославата е на 23 декември низ дружба на сегашната со некогашните генерации: членови на Управата, тренери, играчи, меѓу кои Гоце Седлоски, претставници на ОФС, предводен од Марјан Стојкоски, како и многубројни навивачи, пријатели и компании-поддржувачи. Клубот ќе потсети на своите најголеми успеси. Во рамките на Југославија стана есенски првак во Втората републичка лига во 1991/92, на крајот четвртопласиран со триумф од 2-0 против Братство Ресен пред 2000 гледачи на 14 јуни 1992. Затоа во самостојна Македонија веднаш зеде учество во Втората лига, во која во сезоната 1992/93 беа рекордни 20 тима, каде есента е 17 место, на крајот 16, но недоволно за опстанок, со недостаток од само еден бод.

Есенва Братство го освои 5 место во Третата лига – Центар.

Loading