НАГРАДЕНИ НАЈУСПЕШНИТЕ АВТОРИ

Фото кино клуб

DSC 0900

Фото Кино Клубот промовираше краткометражни, аматерски документарни филмови на млади автори кои во изминативе години освоиле награди на повеќе фестивали.

Гран при наградата ја доби Горан Попоски за филмот ,,Мечкари,, а златната плакета замина во рацете на Љубче Ристески за ,,Клучарот Цеко,,. Со сребрена плакета се закити Филип Петрески за ,,Чевли,,. Бронзената ја однесе Антонио Барлески за ,,Маркови кули,,. Гоце Трајкоски за филмот ,,Кутија,, беше награден за најдобра монтажа, а Петар Јанкоски за ,,Хабитус,, за најдобра режија. Наградата за најдобра идеја ја зеде Иван Јованоски за ,,Прилепски занаети,, додека Андреј Златаноски ја освои наградата за најдобра камера во филмот ,,Патот кон дома на еден печалбар,,.

– Поттикнавме независна културна сцена и создавање на исти можности за сите. Претендираме обезбедување на ,,Култура до сите и за сите и тоа со рамномерна географска застапеност во сите плански региони,, – велат од клубот.

На доделувањето на наградите присуствуваше и градоначалникот Илија Јованоски

Фото кино клубот брои над 60 членови. Организира обуки и курсеви за младите членови. За април ја планираат меѓународна манифестација ,,Денови на македонската фотографија,,.

Loading