Во фамилијата на попот со трите ќерки и голем имот, домаќинот главил момок, млад рзак, мераклија за жени. Работел кај попот со мисла како да му ги помини ќерките и жената. Еден ден попот и момокот го крпеле ѕидот на оградата во близина на куќата. Ги заборавиле алатите. Попот го заповедал момокот да се врати дома да ги земе алатите.
Момоко послушал. Се вратил и им рекол на попаѓата и ќерките:
-Попот ме прати да ве опнам сите!
Тие се зачудиле.
-Ненормален си? Што зборуваш?
-Тоа што слушате. Да излезиме во дворот и да го прашаме попот?
Излегле и момокот свикал.
-Попе, сите?
Одговорил попот.
-Сите, и ајде побрзај!
Слушнале и попадијата и ќерките:
-Кога вели попот, домаќинот, така нека биди!
Му се навртиле и сите ги поминал. Ги зел лопатите задоцнето и заминал. Попо му рекол на момокот:
-Ајде, врви времево, кога ќе работиме?
-Попадијата и ќерките ми рекоа да ги онадам. Те прашав дали сите, а ти рече сите. За сите ми требаше и повеќе време – рекол момокот.
Кога слушнал попот, отишле дома да рачисти. Им рекол на домашните:
-Што ви направи неранимајконо?
Тие со лелекање одговориле:
-Ти му рече сите да нé онади. Слушнаме. Сакавме да одбиеме, ама ја почитувавме твојата заповед.
Момоко се оправдал:
-Тие ми рекоа да ги онадам. Те прашав, а ти ми одобри!
Попот ја наведнал главата, ја почешал брадата од мака што бил изигран и легнал да спие во пондилата кај стоката.