„АВАНТУРИТЕ НА ПИНОКИО“ НА СЦЕНА

Премиера за деца в театар

Pinokio 2

Во  недела 23 декември  во театарот премиерно ќе се изведе претставата за деца ,,Авантурите на Пинокио,,, која по фанатастичната книга од Карло Колоди, ја режира Дарко Ковачовски.

Драматизацијата е на режисерот Ковачовски заедно со Надја Василева Ковачовска, која е и автор на сценографијата, костимографијата и креатор на куклите.

– Секогаш атрактивниот Пинокио со кукли и актери ќе оживее на сцената. Пораката е растот и зреењето на едно дето преку своите неуспеси. Да добиеш срце не е потребно да си дел од големиот свет, туку да имаш сочувство кон другите – вели режисерот Ковачовски.

Играат Јасмина М. Станкоска, Димитар Црцороски, Андон Јованоски, Наташа Ачански, Александар Тодески, Даниела  Иваноска и Катерина Чакмакоска Клинческа.

Loading