АПЧИЊА ЗА ЗДРАВИ

Знаењето е мерливо, но не и незнаењето.

Х

Со очи ја пиеше и се – опи!

Х

На “Таксират” настапи и “Нокаут”. Кој е наредниот?

Х

Народните избраници треба да умеат светот да го погледаат и со очите на оние кои ги избрале.

Х

Не создавајте несреќни луѓе! Тие никогаш никого нема да усреќат.

Х

Мојот најдобар пријател ги има истите непријатели како мене.

Х

Сам човек не може да стане голем,освен болен.

“Д-р Хаџи-Васков”

Loading