СТРУГА – ЗА КРАЈ

Ракомет

Машкиот суперлигаш Прилеп мора да постигне победа против Струга, во последното есенско коло да се врати на 7 место од табелата. Дуелот е викендов во салата ,,Ричко,,. Претходно беше поразот (30-25) во Радовиш. Прилеп е осми со 10, Радовиш седми со 12 бода.

Женскиот тим Деспина дома со 31-21 ја совлада Гевгелија, каде 10 даде Л. Рипилоска, 5 А. Камческа, по 3 Јовеска и А. Камческа, по 2 Е. Рипилоска, Крстевска, Цветкоска, Димитрова, по 1 Гулеска и Седлоска. Беше четвртиот есенски триумф, покрај едно реми и 9 порази. Наредниот меч е на гости кај Цемс во Скопје.

Табела: Металург 36, Куманово 34, Вардар и Стружанка 28, Пелистер 27, Спартак 20, Деспина 13, Гевгелија 12, Цемс 9, Овче Поле 0.

Loading