СМОКВИ ПРОТИВ СТАРЕЕЊЕ

smokva

Сезона е на смокви, рајското овошје кое дава сила, го одржува здравјето и ги брише борите. Растение кое многу дава, а малку му треба, само сиромашна земја и по некоја капка вода. Смоквата е овошје кое вреди да се пофали и за своите лековити својства.

Висока вредност на магнезиум. Магнезиумот е еден од основните елементи кои го штитат нашиот нервен систем од стрес. Многу е важен за коските, имунитетот, здравјето на мозокот и нервниот систем. Го поттикнува здравјето и виталноста, лечи бројни болести и значително го забавува процесот на стареење. Сушените смокви содржат тројно повеќе магнезиум од обичните.

Обилува со калиум, калциум, железо, фосфор, бакар и витамините Б6, Ц и бетакаротин. Смоквата има многу ниска содржина на масти, а побогата е со влакна од било кое друго овошје и зеленчук, па затоа треба да се консумира секој ден. Пектинот е растворливо влакно кое го намалува нивото на холестерол во крвта, додека триптофанот помага при проблеми со циркулацијата како и при несоница.

Високата концентрација на природни шеќери прави мозокот да работи побргу, подобро да ги прима и класифицира информациите. Секако мора да внимаваат дијабетичарите при консумирање на суви смокви кои содржат двојно повеќе шеќер од свежите.

Сувите смокви се одличен извор на бројни нутритиенти. Нутритивен оброк се за спортистите и професионалците. Во комбинација на оревести плодови се идеален меѓуоброк. Чајот од смокви лечи заболувања на црниот дроб, грлото, дишните органи, мочниот меур…

Содржи растителни стероли кои поволно делуваат на нивото на холестерол во крвта.

Откриено е потенцијално антиканцерогено делување за карциномот на простатата и кожата.

Loading