ЛЕЌА КАКО ШЕЌЕР

leka

Леќата припаѓа на групата мешунки, заедно со гравот и грашокот.. Се одгледувала и во камено време. Потекнува од југозападна Азија, од каде се шири низ Медитеранот, до Европа. Ова било првата храна која почнала да се одгледува. Пронајдена е пред 8000 години. Ја имало и во гробниците на египетските фараони. Ја одгледувале и старите Грци и Римјани, а се спомнува и во Бибилијата.

Енергетската вредност на 100 грама сурова леќа изнесува 60 отсто јаглехидрати, 25,8 проценти протеини и еден отсто масти. Од минералите содржи калциум, железо, магнезиум, фосфор, цинк, манган и селен, а од витамини-витамин Ц, тиамин, рибофлавин, витамин Б6 и витамин К. Поради високото количество на витамин Б-комплекс, позитивно влијае на нервниот систем, а железото помага во спречување на анемија.

Loading