„СЈАЈНА ЅВЕЗДА СО ЛАВОВСКА ГРИВА“ ОД МИЛАН ЈАЗБЕЦ

Промоција

Поетската книга „Сјајна ѕвезда со лавовска грива“ од Милан Јазбец, амбасадор на Словенија во Македонија, ќе биде промовирана вечерва од 19 часот во просториите на  ЦСЛУ. За 40 – то книжевно издание, љубовна лирика на Јазбец ќе зборува д-р Душица Неделкоска.

Стиховите ги обединуваат сугестијата и мислата, сознанието и емоцијата, човечката желба и говорот на тајните. За него песната не е само обична авантура или случајност, туку мисловен изблик заснован на доживеани и незаборавени мигови.

Јазбец спаѓа во редот на познатите словенечки интелектуалци. Автор е на повеќе книги од различни области. Делата му се преведени на англиски, германски, турски, руски, арапски јазик…

Loading