ДИГИТАЛНИ СРЕДИНИ ЗА ДИГИТАЛНИ КУЛТУРНИ ВРЕДНОСТИ

Проектот

Во Скопје се промовиран проектот „Дигитални средини за дигитални културни вредности – просторна ГИС базирана платформа за напредно ниво на менаџирање и анализа на податоците од централниот регистар на културното наследство“, од Институт за старословенска култура. Проектот е реализиран во соработка со Управата за заштита на културното наследство на Македонија, а е финансиран од Делегацијата на ЕУ во Скопје и Министерството за култура. Раководителот Христијан Талевски вели дека проектот е фокусиран на пет археолошки локалитети од Македонија. Визија е да биде иницијален чекор во остварување на комплетна дигитализација на културното наследство и дигитализација на комплетниот третман на културното наследство во Македонија.

Loading