ПРОТЕИНИ ПРОТИВ ДЕБЕЛИНА

Мрсните наслаги изгледаат лошо во пределот на стомакот.  Има многу мрснотии силно поврзани со болестите како дијабетес тип 2 и срцевите заболувања. Губењето на стомачните мрснотии се голема придобивка за здравјето и помогаат за продолжување на животот. Мрсното ткиво се мери според обемот околу половината. Над 102 см. кај мажи и 88 см. кај жени е абдоминална дебелина. За елиминирање на вишокот мрснотии, се преземаат неколку чекори. Пораното ослободување е полесно додека не станало многу потешко во иднина.

Отсуство на шеќер и избегнување на пијалоци засладени со шеќер.

Шеќерот е половина гликоза, половина фруктоза. Фруктозата се метаболизира во значително количество само преку црниот дроб. Кога се јаде многу шеќер, црниот дроб се преоптоварува со фруктоза и е принуден да ја претвори во маснотии. Големите количества фруктоза доведуваат до зголемување на акумулацијата на мрснотиите во стомакот и црниот дроб. Течниот шеќер е уште полош. Течните калории не се регистрирани од мозокот како другите калории. Пијалоците засладени со шеќер завршуваат како повеќе калории. Пијалоците засладени со шеќер се зголемен ризик за дебелина кај 60 отсто од децата. Количината на фруктоза од овошје пак е занемарлива.

Повеќе протеини е одлично за намалување на стомакот.

Со умерена исхрана со протеини се губи тежината. Се намалува желбата за  храна, се зголемува метаболизмот за 80-100 калории дневно и помагаат да се изедат помалку до 440 калории дневно. Со храна богата со протеини највидливи се ефективните промени на стомакот. Луѓето кои јаделе повеќе и подобри протеини имаат помалку стомачни масти. Протеините го намалуваат ризик од зголемување на стомакот. Затоа е нужен раст на храната со белковини како што се цели јајца, риба, морски плодови, мешунки, ореви, месо и млечни производи. Ова се најдобри извори на протеини.

Рестрикцијата на јаглехидрати е ефикасен начин за губење на  мрснотиите, бидејќи апетитот оди надолу и се губи телесната тежина. Се препорачуваат диети со малку јаглехидрати. Само со избегнување на шеќер, бонбони, бел леб и сл. и балансирање со протеини  се доаѓа до брзо намалување на стомакот.

Loading