ЗИМСКА ХРАНА

banana

Ниските температури и студот, покреваат целосен спектар на процеси во човечкото тело, кои имаат задача да го загреат одвнатре, а притоа да се одржи што е можно понормално функционирање на другите процеси. Со подолга изложеност на студ, тоа станува многу комплицирано. Имунолошкиот систем е доведен во прашање, па некоја храна е помошник на телото во такви околности.

Бананата, покрај тоа што е тропско овошје и што нема ништо заедничко со студените временски услови, е богат извор на калиум и магнезиум. Му помага на телото при студ, намалување на стресот, исцрпеност и замор и го зајакнуваат имунолошкиот систем.

Киселата зелка е бомба од витамин Ц. Во најстудениот период, таа е во тесна врска со имунолошкиот систем. Полна е со добри бактерии за одржување на здравјето на дигестивниот систем и го штити организмот од болести.

Јогуртот е еден од најздравите млечни пијалоци. Богат е со корисни бактерии кои помагаат во функционирањето на цревата. Има голема хранлива вредност и одржува чувство на ситост и делува позитивно на имунитетот.

Loading