ИСТОРИСКИ РАСКАЗИ ОД МАРУЛ

Фељтон: Томе Велјановски

marul

Марулецот Томе Велјановски кој живее во Гетеборг во Шведска, меѓу бројните записи и сеќавања кои ги собрал, се и оние за настаните од Втората светска војна. Ги зачувал прибелешките во кои опишува случки кои му оставиле длабоки траги во меморијата, а кои биле поврзани со неговите блиски. Негова  цел е да ги пренесе приказните од народноослободителната борба користејќи разговорен јазик. Не е прв пат Томе Велјановски да пишува за селото Марул. Во изминатиот период на страниците на Зенит ги пренесовме неговите белешки за родословијата во овој крај.

 Глава 4

После неолку месеци престој на Блаже како војник партизан во 2-рата МНОУБ бил пуштен од воената обврска затоа што неговите браќа Крсте и Тане небаре на хартија направиле братска физичка делба, на кого според неговите мали деца, му припаднала на одгледување  неговата мајка, вдовицата Анѓа. Од она што се слушаше во разговорите на Блаже со останатите марулски борци од тоа време, а поготово во разговорите како овчари со Павлески Игне, двајцата учесници војници во тоа време, често ги спомнува балистичките водачи Џемо Хасани, Аќив од Речани, па Мефаил и др. Блаже раскажуваше за војната во Западна Македонија, разговорот со Игне му се сложуваше.

За неговото отпуштање од воената обврска кај некои марулци се тумачеше дека имал психички напади. Иначе во поглед да Блаже беше скромен и здрав човек што се вели здрав како трн. Одеше стално овчар, ослободен од воената обврска, само тој си знај. Блаже и неговите браќа Крсте и Тане се поделија после шест недели откако умре мајка му Анѓа на Чист понделник во 1956 годин која беше парализирана десет години од 1946 година.

Со капитулацијата на Италија на 8 август во 1943 година балистичкото движење го поддружвала Германија и Балистите беа наоружани со најсовремено оружје од лесно до тешко оружје, топови, дури и тенкови, пушки, пушкомитралези, митролези и минофрлачи.

Оваа албанско балистичка организација предводена од Џемо, Аќив, Мефаил И други Албанци Балисти повеќе личеше на арамиска банда отколку на некоја ослободителна организација. Многу крваво се однесуваа спрема неалбанското население. Правеа разни осветнички дела, силовање, киднапирање, палење на неалбански куќи и села. За ваквите работи да се случат беа пратени неколку македонски воени бригади во Западна Македонија меѓу кои и 2-рата МНОУБ. При судирот на бригадата со Албанските балисти некаде во ноември во 1944-то лето во близината на с. Зајас кичевско, во кој бригадата имаше човечки жртви и материјална штета.

Према кажувањето на марулските борци нивната 10-та бригада при судирот на 2-рата македонска бригада со Балистите нивната бригада се наоѓала во неготинското. Дошло наредба, одма тргнале да и дадат помош на 2-рата бригада во с. Зајас. Но Албанските балисти сватиле дека доаѓаат дест бригади и отишле во илегалство во албанските села и во шумите.

Кога дошла 10-тата бригада во близина на селата Смиланци и Степанци велешко едно војниче од мариовскиот крај, име и презиме задржани во тајност, се откажало да патува понатаму со бригадата бидејќи се бори за кралот. За кој крал ни самото не знаело. Го молеле, ама зборот не си го повратил: Јас сум за кралот! Комесарот на бригадата го тргнал во шумата. Се слушнало кога пиштолот од комесарот кликнал. Се вратил комесарот и дал наредба: Напред тргнуваме браќа, барем нешто да спасиме од бригадата!

Кога дојде 10-тата бригада во с. Зајас борбата беше завршена, имаше жртви од двете страни. Марулските товарити добитци, коњите, павлескиот, мурџескиот и колеското магаре беа убиени, додека велјаноскиот, црниот коњ не беше убиен, стоеше на трите нозе товарен во ливадите под с. Зајас. Командантите на бригадите дадоа наредба да се соберат сите албански жители од најмладо до најстаро, од машки пол од по селата и да се дотераат во затворот во Кичево.

Наредбата си е наредба, бригадите ги заобиколиле селата во близината на с. Зајас,, Речани, Симница, Страговиште и други каде што мислеа дека има балистички упоришта. Во овие села навистина имаше големи отпори од албанските Балисти. Балистите беа маскирани во таваните на куќите наоружани со пушки, пушкомитралези, минофрлачи и даваа силен отпор. Нивниот отпор беше скршен.

Сите фатени Албанци од машки пол без разлика на старост беа спроведени во затворот во Кичево за откривање на вистинските грешници. Во визбата во затворот се гледаше дека сите Албанци не се виновни, не се со иста идеја. Со заби си ги кинеа месата. Меѓу затворениците имаше и еден деветдесетгодишен по име Осман. Кога беше запрашан од иследникот зошто е дотеран овде, тој одговори: Господ дал, ѓаволот земал. Досега имам убиено деведест луѓе. Жалам што не можам уште десет да убијам, да израмнам на сто, отсечно одговорил стариот Албанец Осман.

По некое време дојде една пристара христијанка, жена Македонка и праша дали е тука стариот Осман. Иследникот и рече дека во затворот има повеќе луѓе со име Осман. Иследникот и даде изим на жената да оди на прозорите на затворот, ако го познава, да го покажи. Старата жена го препозна и го покажа стариот Осман кој има убиено деведест луѓе и побара од иследникот Осман да биде изнесен надвор во дворот пред затворот. Откако Осман беше изнесен од затворот во дворот, старата жена пред него почна да ги раскажува сите злосторства што и ги нанесол Осман: Осман ги уби мажот ми и син ми. Ги силоваше двете мои керќи и снаа ми, му вртеа голи пред запален оган, ги силоваше, му ги пресече градите и ги уби. Сето оваа нечовечна работа беше извршена во ноќно време на сред село, во нашето село, рече старата жена.

Веќе со изјавата на самиот Осман колку луѓе имал убиено и сведочењето на старата баба за неговите злосторства што и ги направил над нејзините куќни луѓе, сам си донесе Осман пресуда. Никој не можи да го брани и одбрани. Старата жена од иследникот побара лично таа да му суди на Осман. Осман беше врзан за едно дрво надвор од затворскиот двор. Таа доби еден пушков нож – бајонет и почна Осман да го боди по сето тело се додека Осман престана да дава знак за живот. На таков начин згасна животот на крволочниот Осман.

(продолжува)

Loading