ПОБЕДА СО ШАНСА ЗА ПЕХАР

Фудбал

Две лица на Победа. По разделбата со Тони Мегленски, привремен тренер е спортскиот директор Јане Николоски, под чие водство во средата, во реваншот од 1/4- финалето за Купот, во Битола, Победа – Шкендија (2-0), а во Тетово претходно беше 0-1 за прилепчаните. Екипата има шанси и за пехарот, ако се знае дека конкуренти се: Академија Пандев, Македонија ЃП и Беласица. По ова во клубот гледаат нужност од анализа, финансиска стабилизација и конечна одлука за тренер.

Второто лице е во првенствогто, каде ни најголемите песимисти не го очекуваа тоа: Победа ги загуби сите последни 5 првенствени меча. Откако во Тетово со Ренова беше 2-1, истиот резултат се повтори и во Струмица од Академија Пандев, за потоа дома (во Турново) да биде 0-2 со Шкендија, во Скопје од Вардар со 3-0 и на крајот дома (во Кичево) 0-2 од Македонија ЃП. Ако во еден момент имаше надеж дури и за 3 или 4 место, сега падот на претпоследното значи обновен страв од отпаѓање.

Табела: Шкендија 40, Вардар 35, А. Пандев 30, Работнички 26, Шкупи 23, Македонија ЃП и Ренова 21, Силекс 18, Победа и Беласица 17.

Loading