КРАЛИ МАРКО – ШАМПИОН

Историја

Сега градов и околината немаат сениорска кошаркарска екипа, а пред три децении имаше дури 11. Постоеше машка и женска екипа 11 Октомври, членови на Републичката лига, машка Младост од Кривогаштани во Западниот регион, како и уште 8 во Општинската лига. Првенството на тогашната Општинска кошаркарска лига во сезоната 1987/88 се одвиваше во салата ,,Македонија,, и траеше до 14 мај 1988 година. Нов првак стана екипата Крали Марко, со тоа пласирајќи се во Западниот регион. Шампионот освои 26 бода преку 13 победи и 1 пораз.

Подолу на табелата беа: Корзо, Т. Комбинат, Рид, Десово, Економист, Пролетер и Бончејца.

Loading