РЕЈТИНГ-ПОЕНИ ОД БЕЛГРАД

Шах

На престижниот меѓународен турнир „Трофеј на Белград“ одличен настап на ФМ Роберт Велески. Го освои 20 место, со 6 поени од 9 партии колку и 14-иот, а меѓу138 учесници од 12 држави, од кои 11 велемајстори. Ако репер е рејтингот, најсилен ривал што го совлада е Турчинот ФМ Озен, кој има 2411 рејтинг-поени. Велески, врз основа на рејтингот од 2211, стартуваше како 34-ти, а подемот од 14 места му донесе нови 23 рејтинг-поени.

Победи ИМ Радованоовиќ од Србија.

Loading