ИЗЛОЖБА НА СОТИР ХАЏИ НИКОЛОВ

„Постварување“ од уметникот Сотир Хаџи Николов е тематската изложба на слики и објекти што ќе биде отворена вечерва од 18.30 часот во ликовната галерија од ЦК „Марко Цепенков“”. Изложбата.

Според Магдалена Стојмановиќ, творештвото на Николов прави поимно врзување со ликовното и на смисловно адекватен начин со уникатни средства. Станува збор за постварувањето, феномен кој е длабоко вкоренет во модерните општества кое посебно го тангира поединецот во западниот културно-политички контекст.

Стефан Марковски истакнува дека уметникот ги трансцендира ограничувањата кои го сведуваат на ресурс и станува модерен, вистински авангарден Прометеј кој со својот ,,од бога даден,, факел, успева да ја пронајде својата местоположба и движење низ м(рак)озаикот на стварноста осветлувајќи го својот индивидуален пат на себеразвој и себеоткровение.

Хаџи-Николов е од Гевгелија. Дипломец е на Факултетот за ликовни уметности во Скопје. Учествувал на симпозиуми во Македонија, Бугарија, Турција, Грузија и на повеќе групни изложби.

Loading