ТРИ НАГРАДИ ВО НИКШИЌ

За претставата „Љубовни пози на историјата“

2 Tri nagradi za teatarot vo  Niksic

Ансамблот на театарот е добитник на три награди за претставата „Љубовни пози на историјата“ од Горан Стефановски, во режија на Наташа Поплавска, на 15-тиот Меѓународен фестивал на актери во Никшиќ. Со Гран При за најдобра епизодна женска улога се закити Ангела Наумоска за улогата на Госпоѓица, Гран При за најдобра епизодна машка улога доби Зоран Иваноски за улогата на Мајсторот и ансамблот на театарот Гран При доби за најдобра колективна игра.

Според црногорската критика, претставата била посочено за ,,тотален театар, ансамбл претстава, која оригинално ги изнесла сценските метафори кои нé засегаат сите нас,,.

Наградите се освоени во конкуренција со различни актерски стилови. Претствата се одигра ден по смртта на македонскиот драматург, авторот на текстот, Горан Стефановски.

Foto Figurae veneris  historiae

-Вечерта беше со измешани емоции. Сите ја чувствуваме загубата. Сепак, актерите одиграа со силна, неверојатна енергија. Преку сценската игра и говор, како да сакаа да му оддадат почит на авторот. Режисерката Поплавска имаше кус омаж за творештвото на Стефановски. Публиката му оддаде почит со громогласен апалуз – изјави в.д директорот Менче Караџоска.

За актерите претставата носела подруга енергија на никшичката сцена.

-Не дека не беше толку јако како овде, но подруга е жарта и потребата да се одигра тогаш, баш во тој момент – истакна Ангела Наумоска, додавајќи дека уште не може да се соземе од среќата за наградата.

Зоран Иваноски му ја посвети наградата на Стефановски, бидејќи го фасцинирал како човек. Жали што не биле препознаени вредностите на претставата на ланското издание на МТФ.

-Многу јака екипа сме, како колектив. Имаме и поединци кои ,,растураат,, во различни улоги – потенцира Иваноски.

Loading