ТЕНИСКО ТОПЧЕ ПРОТИВ ГРЧЕЊЕ

Необични домашни трикови

topce

Секојдневно се сретнуваме со главоболка, умор или грчење… Еве неколку трикови за ослободување од овие проблеми:

Главоболката минува со дрвен молив. Главоболките се последица од напнатост и стрес. При вознемирување, несвесно се стегаат вилиците. Тоа ги оптоварува мускулите поврзани со вилиците и со слепоочниците. Да олабави главоболката, ставете дрвен молив меѓу забите без гризење. Оваа положба помога мометно да ги одморите мускулите на вилицата, да ја спречите или ублазитеглавоболката.

Лек за уморни стапала е тениско топче. Високите потпетици често предизвикуваат болки во стапалата. За ублажување на болката, ставете тениско топче под стапалото и движете го стапалото напред-назад. Така се самоподарува релаксирачка масажа.

Тениско топче против грчење. Трикот изгледа смешен, но е ефикасен третман против грчењето. Се става тениско топче во отсечен џеб од стара облека и се зашива на средината на грбот на тесна пижама. Топчето оневозможува лежење на грбот при спиење. Оти. луѓето најмногу грчат кога спијат на грб.

Раствор за плакнење на устата против плускавици. Растворот за освежување на устата пред спиење ги лекува болните плускавици. Се натопува памучен тампон со средството и се премачкуваат плускавиците трипати дневно додека не се исушат.

Каранфилчето е илач за исеченица. Инфицирање на исеченица се спречува со поросување на каранфилче во прав врз раната. Каранфилчињата имаат антисептички својства и ја намалуваат болката.

Мачнината при патување минува со маслинки. Ако мачнината е проследена со лачење на повеќе плунка, па и вртоглавица и гадење, две маслинки се чуваат во устата. Тие ја сушат устата и го спречуваат гадењето.

Loading