ИСТОРИСКИ РАСКАЗИ ОД МАРУЛ

Фељтон: Томе Велјановски

marul

Марулецот Томе Велјановски кој живее во Гетеборг во Шведска, меѓу бројните записи и сеќавања кои ги собрал, се и оние за настаните од Втората светска војна. Ги зачувал прибелешките во кои опишува случки кои му оставиле длабоки траги во меморијата, а кои биле поврзани со неговите блиски. Негова  цел е да ги пренесе приказните од народноослободителната борба користејќи разговорен јазик. Не е прв пат Томе Велјановски да пишува за селото Марул. Во изминатиот период на страниците на Зенит ги пренесовме неговите белешки за родословијата во овој крај.

Глава 3

Марулцџите низ отворената врата набрзина слегле по скалите без да ги земат вреќите, ги потерале ѕевгарите со колите, уплашени си дошле дома во Марул. Не биле повикани, но стравот долго време чмаел во нивните души. Едно време за Кралска Југославија, Стале Попов беше претседател на општината Вождовац во Белград. Оттука се знае за каков Македонец се работи, наследник на Јован Бабунски и Глигур Соколовиќ. Српските служби му ѕвонат на Стале Попов. Зошто тоа не го сторија да му ѕвонат на Ченто, туку на Стале Попов. Стале Попов е вратен во Македонија да му служи на србизмот до гроба.

Петре Кузман како голем Македонец и солидарист вработен е во Црвениот крст во Прилеп. Од неговата скромна плата има изградено голема куќа, палата во Прилеп. Човекот со хумана душа, ниту јадел, ниту пиел во животот, сите пари ги вложувал во неговата куќа. Затоа има палата. Сега за времето на плурализмот се сретнале со марулецот Павлески Аце на паркингплац кај пензионерите, започнале дискусија за минатото. Павлески Аце го прашал: Зошто господине Петре бевте толку злочен против марулците после војната? Петре Кузман одговорил да такво беше времето и со безгласно мрморење, пелтечење побегнал меѓу народот од кај пензионерите. Не се дозна што стана со кантата што му ја бараше Петре Кузман на Танески Трајан во 1949 година, дали ја доби Петре Кузман или пак сега внукот на Трајан, Џорџ ја троши во Америка.   

Петре Кузман во Марул имаше тетка, на мајка му сестра и три домаќинства први братучеди по родот од Кузмановци од Волкосело. Никогаш не беше виден да ги посети, се зборуваше да често пати навраќа ноќе да ги посетува неговите роднини.

Глава 4

Исполнето барањето на браќата Божин и Илија Котески за нивните деца војници да бидат ослободени од воената обврска во 1944-та година.

Иако било воено време сепак имало закон кој ги штител интересите на народот и родителите. Ако родителите се во одминати години и имаат само едно машко дете бидувало ослободено од воената обврска. Ако пак се повеќе деца во возраст за воена обврска, тогаш оди најмалиот син – дете. Така било со браќата Котески Јошески Божин и Стојаноски Илија.

1.Јошески Божин Котески 1873 – 1962 го имал синот Петре 1920 – 1975 кој бил мобилизиран на 21.09.1944 и заминал војник партизан во македонската војска. Татко му Божин веќе бил во одминати години и не можел да ги тера сите куќни работи. Помладиот син Киро имал 17 години, се сметал за малолетен. Божин према законот постапил, отишол во командата на единицата каде што служел синот Петре во кичевскиот крај, разговарал со надлежните – одговорните на единицата. Разговарал синот Петре да биде отпуштен за помош во куќата. Молбата на Божин Котески му се уважила. Неговиот син Петре бил ослободен од воената обврска. Јошески Котески Петре си дошол дома и истата есен се оженил за Дурлеска Јосифоска Трајана од Волкосело и повеќе никогаш Петре не бил повикан за некоја воена обврска. Петре се оженил 1944 година.

Братот на Божин, Илија ја исправил грешката пред Божин уште во с. Дуње.

Напомнавме, позив за војска добивал помалиот брат во фамилијата ако е полнолетен. Како недоразбирање дошло, позив за служење војска кај Илиевите деца дошло наместо за полнолетниот помал брат, 21 годишниот Тоде, позивот дошол до постариот брат, 24 годишниот Ѓорѓија. Илија за да ја извлечи работата да не одат двата браќа војска, отишол во с. Дуње со молба го одјавил постариот брат Ѓорѓија, го пријавил помалиот Ѓорѓиев брат, Тоде.

Молбата на Илија била прифатена, Ѓорѓија бил ослободен. Ѓорѓија идејќи си за дома навратил кај девојката – љубовницата Анѓа Пеоска во с. Бонче. Се свршил, дал збор за да се жени со Анѓа, си дошол дома направиле свадба со Анѓа, станал младоженец. За оваа негова постапка према војниклакот, неговите марулски врсници на разните селски собири, во смеа знаеле да го брецкаат. Оставете го детето на Илија, заради женидба не отслужи војник.

Браќата Танески Димко 1913 – 2002 и Ордан 1908 – 1992 направиле смена за одење војници во партизаните. Димко како водач на Втората македонско народно ослободителна ударна бригада заедно со Велјаноски Благоја на 13.09.1944г. од Марул преку Канатларци до мостот на Црна Река под с. Тополчани преку с. Шелеверци, Алинци и назад до базата на бригадата во тремот во црквата во с.Марул, добил наредба од командантот на бригадата Дончо Темелкоски, заедно со неговиот соработник да заминат партизани.

Во првата пратка на војници партизани на 21.9.1944г. наместо Димко, отишол брат му Ордан, постар пет години. Со времето ситуацијата во војската се менувала. Ордан тогаш бил 36 годишен, бил ослободен од воената обврска од здравствени причини, во одот многу ги влечел нозете, стварал несигурност, голем шум, тишината ја вознемирувал, се сопнувал и бил отпуштен за стално, неспособен за воена обврска, времето што го поминал како војник во партизаните како учесник и борец.

Танески Блаже 1911 – 1999 вратен дома од Втората македонска народно ослободителна ударна бригада после неколку месеци престој во нејзе. Танески или Ристески Блаже оди војник заедно со Велјаноски Благоја, тие се првите војници од с. Марул. Излегле на 17.09.1944 година. Танеските браќа направија физичка делба со братучедите Ордан и Димко во 1939 година. Се преселија во новоизградена куќа во местотот што го купија од Мемишица Салиоска во задната маала, во денешното место на Танески Блаже.         

(продолжува)

Loading