РОТКВИЦА – ХРАНА И ЛЕК

rotkvica1

Ротквицата е повеќегодишна билка од фамилијата на зелките. Зборот на саксонски јазик, значи ,,крв,, или ,,да се обои во црвено,,. Името е дефинирано по бојата на коренот. Интензивно се одгледувала во Египет во времето на фараоните. Сликана е на храмовите и гробниците. Градителите на Кеопсовата пирамида јаделе ротквици со лук и кромид, оти им го чувале здравјето. Ценета е и во Стара Грција и кај Римјаните. Била природен лек против кашлица и воспаление на дишните патишта. Одгледувана била во Кина пред три милениуми.

Ротквицате е ретка билка, која по 20-30 дена од сеењето дава сочен, меснат корен со лут вкус и остар мирис. Бојата на коренот варира од бела, сива, црвена, па до црна. Без разлика на бојата, сите имаат висок нутритивен состав. Идеална е за нискокалорични салати, оти има мала енергетска вредност. Содржи витамини, посебно Ц, и минерали (калиум), Има доста јагленохидрати. Од минералите, доминираат калиумот, па калциумот, натриумот, фосфорот и железото.

Содржи супстанца со лут вкус и остар мирис. Најчесто е додаток на салати и зачин. Погодна е за ,,аператив,,, оти ги подобрува лачењето на желудечните сокови и работата на цревата. Се препорачува на лица со отежнато варење. Таа го зголемува исфрлањето на течностите од организмот. Витаминот Ц ја нараснува апсорпцијата на железото од цревата, ја јакне природната одбрана на телото, го забрзува заздравувањето на раните, учествува во синтезата на невротрансмитерите во мозокот. Тој е моќен антиоксиданс што ги исфрла канцерогените слободни радикали. Витаминот Ц го зголемува добриот холестерол. Од артериите ги отстранува мастите и го намалува ризикот од атеросклероза и срцев удар. Ротквицата е природен лек за превенција и лекување на кардиоваскуларните заболувања. Бојата на коренот има антиканцерогено дејство и влијае на обновувањето на крвта. Свеж сок од ротквица е стар народен лек кој помага при воспаление на жолчната кеса. Се препорачува микс со морк пред ручек.

Loading