ПРИДОБИВКИ ОД ЈАТКАСТИТЕ ПЛОДОВИ

jatka

Бадеми, ореви, кокос, лешници, кикирики, афион семиња, бразилски ореви, костени, ленено семе, фстаци, семки од тиква, сончогледи, сусам, итн  се во групата јаткасти плодови. Тие содржат протеини умерено, со исклучок на костените, и масти во голема количина. Тие се извор на влакна и хранливи материи, витамини Б, витамин Е, минерали, железо, цинк, калиум, магнезиум, анти-оксидант минерали и анти-оксиданти соединенија.Некои се конзумираат умерено секој ден.

Оревите се богати со енергија и хранливи материи. Помогаат во намалување на лошиот холестерол и зголемување на добриот. Спречуваат срцеви заболувања и мозочен удар. Богатството на омега – 3 мрсни киселини влијае антивоспалително. Помагаат во падот на високиот крвен притисок, проблемите со дебелото црево и рак на простата. Корисни се при ревматоиден артритис, алцхајмерова болест, депресија. Дел од супстанциите во јатките штитат од рак и дегенеративни нервни заболувања. Богаството со калиум, манган, калциум, железо, магнезиум, цинк, флуор и селен, влијаат на слободните радикали. Калиумот го контролира срцето и крвниот притисок, бакарот помага во продукцијата на црвените крвни клетки, а флуорот спречува проблеми со забите. Јатките содржат витамин Е за одржување на клетките, кожата и се одбрана од слободните радикали. Содржат Б комплекс, кој е од суштинско значење за здравјето на луѓето. Луѓето кои јадат ореви имаат поздраво срце. Тоа останува здраво со 30 грама ореви дневно. Супстанцата аргинин во јатките спречува стврднување на артериите преку зголемување на еластичноста. Антиоксидантите, витамините и минерали помогаат во борбата против воспалението. Ги оставаат сити дебелите луѓе, помагајќи им во контролата на апетитот.

Loading