СОВЛАДАН НАЈГОЛЕМИОТ КОНКУРЕНТ, ВАРДАР

Пинг-понг: Ветено – сторено

Младост со само еден пораз е на врвот

Goko Jockoski

Уште пред почетокот на првенството во Супер лигата го одредивме Младост како кандидат за титулата, поради тоа што во тимот се искусните Ѓоко Јочкоски, Александар Штаргоски, Петар Јованоски и Љубиша Милошевиќ, со тренерот Зоран Јованоски. Ветувачкиот состав загуби само од градскиот ривал Младост 96, а ги совлада сите останати: Мултитекс од Битола, Шампиони и УГД од Штип, Работнички, Телеком и Вардар од Скопје. Најзначаен е триумфот над најголемиот конкурент, Вардар, со 4-3, преку два добиени меча на Јочкоски, во двојки Јочкоски/Милошевиќ и сингл на Милошевиќ.

Одличен е И вториот прилепски претставник, Младост 96, Има 5 победи (Мултитекс, Шампиони, Работнички, Младост и УГД) и 2 пораза (од Телеком и Вардар). Составот на тренерот Гоце Тошески – Александар Рикалоски, Петар Костовски, Антонио Стомнароски и Андреј Лашкоски е дораснат за борбата за врвот. Третото место и само бод под водечките, се гаранција за бериќетна пролет. Лигата продолжува во март.

Табела: Младост и Вардар 13, Младост 96 и Телеком 12, Работнички 10, Шампиони 9, УГД 8, Мултитекс 7.

Loading