АНГЛИСКИ ФУДБАЛ

Историја

Реткост беше гледањето врвен фудбал од странските првенства. Со нетрпение се чекаше понеделник и емисијата ,,Телеспорт,, на ТВ Скопје. Се уживаше во головите од англиската лига, затоа што беа проследувани со еуфорија од трибините. На 8 април 1985 година во Студентскиот дом ,,Стив Наумов,, во Скопје клубот преполн со студенти кои се во очекување на содржините од емисијата. Се прикажува акција, гол и – згрмува публиката. Еден од студентите, Србин: Јој, што ти је енглеско првенство! -Какво енглеско, ова е Победа – Тетекс, го поправа друг. И навистина, тоа беше извештај од прилепскиот меч, што го доби Победа со 2-1, со головите на Тортевски и Глигороски. Беа 15 илјади гледачи.

Loading