ПРЕМИЕРА НА „МАЛАТА СИРЕНА“

Танцовото студио и портал за современи изведувачки уметности „Зодијак“ во партнерство со Училиштето за театар „Чин 4 – Сцена 5“ в недела од 11 часот премиерно ќе ја изведе новата претстава за деца и млади „Малата сирена“.

“Станува збор за адаптација за сценска изведба на цртаниот филм Малата сирена од Дизни. Тоа не е само технички, туку и комичен предизвик во намерата да се најде начин да се репродуцира извонредниот магичен вокален лик на ракот Себастјан во изведба на Семјуел Врајт. Со претставата се збогатува македонскиот фонд на адаптирани дела, надополнети со македонски сонгови во музичко-сценското дело.

Преводот е на Благојче Николоски, драматизацијата и адаптацијата, режијата, костимите, сценогрфијата, кореографијата и сонговите се на Кире Миладиноски, музиката е од Алан Менкен и Томе Темелкоски. Играат Марија Костоска, Лилјана Јованоска, Дамјан Трајкоски, Деспина Башеска, Ивана Стеваноска, Евгенија Кузманоска, Марија Стеваноска и Благојче Николоски.

Loading