АТАНАСОСКИ ВО ВЕЛЕС

Атанас Атанасоски со изложбата ,,Орнаментот како пејзажен знак,, е се претстави во Велес. Станува збор за инсталација изработена од вегетација. Паралелно, инсталацијата ,,,Премин,, е поставена во галеријата Аче во ЦК ,,Марко Цепенков,,.

Атанасоски е дипломец на ФЛУ во Скопје од 1987 година. Завршил постдипломски студии на ФЛУ во Будимпешта, во 1995 година. Член е на ,,Студиото на млади ликовни уметници во Будимпешта,, .Работи како асистент истражувач во Институтот за старословенска култура во Прилеп.  Неговите дела се автентични и го отсликуваат македонското поднебје.

Самостојни изложби имал во Прилеп, Будимпешта, Пиран, Линдабрун Скопје, Битола… Творештвото му било дел од групни изложби во земјата и во странство. Добитник е на откупната награда на меѓународната манифестација ,,Ехтемпоре,, во Пиран и на ДЛУМ ,,Зимски салон,,.

Loading