МАКЕТИТЕ И СЛИКИТЕ НА ЕМИЛ ДИМОСКИ ВО КАВАДАРЦИ

EMil DImoski

Во Музеј галеријата во Кавадарци отворена е изложбата на слики – макети на Емил Димоски насловена (На) Корените. Вниманието го привлекоа уникатните уметнички творби – макети, создадени од камчиња, дрвца, керамиди и трева и слики во тродимензионална форма. Делата се одраз на архитектурата на едно минато време, а авторот преку нив не дозволува старата архитектура да замине во незаборав.

За творештвото говореше директорката Весна Ѓорѓиева, која посочи дека Димоски од мали нозе ги негувал телентот и љубовта кон уметноста, а со трпение и љубов ги создавал уметничките креации.

-Ако корените се трули, џабе е стеблото. Кога-тогаш ќе падне. Ако корените се здрави, дури и да го пресече некој стеблото, ќе прорти со здрави корени – рече Димоски.

Новинарот Каролина Мицевска акцентира дека авторот го презентира богатото културно наследство на специфичен начин.

Loading