„ЉУБОВНИ ПОЗИ НА ИСТОРИЈАТА“ ВО НИКШИЌ

niksic plakat

Театарот „Војдан Чернодрински“ со претставата „Фигурае, венерис, хисториае“ (  „Љубовни пози на историјата“ ) од Горан Стефановски, во режија на Наташа Поплавска, се претстави на 15 издание на Меѓународниот фестивал на глумци во Никшиќ. Претставата отвора бројни прашања во однос на војната, љубовта, интимата, политиката и моралот.

Играа, Димитар Ѓорѓиевски, Даниела Иваноска , Игор Трпчески, Зоран Иваноски,  Катерина Чакмакоска Клинческа, Јасмина Мицовска Станкоска , Димитар Црцороски,  Наташа Наумоска,  Илија Волчески,  Ангела Наумоска и Михајло Миленкоски, 

За престижните награди на фестивалот кој е посветен на Неговото Величество Актерот  освен актерите од  нашиот театар се натпреваруваат и од театри од Хрватска, БиХ, Србија и Црна Гора.

Loading