ЗОЛВИНИ ПРОВОКАЦИИИ НА НЕВЕСТАТА

Паметно селско девојче се омажило во нечес­тита фамилија соседното село. Таму имало золви со понижувачки карактер спрема другите луѓе. По завршувањето на свадбарски адети, невес­тата дошла во новиот дом. Во собата полна со гости, се пиело, играло  се веселело со музика.

Пред да си легнат младите, золвите порачале оро. Го фатиле до нив и братот, зетот, а до него о невес­тата за проволкација. Штом тргнало орото, золвите сакале да ја исплашат невестата пред спиење. Запеале на си­лен глас:

Бате наш, силен маж,

алат му е педа ипол,

тешко незе ко влезе,

лесно нема да излезе!

Кога  слушнала невестата, им вратила:

Сната ваша не се плаши,

место има за две педи,

кој што сака да се увери,

мојто момче ќе провери!

Невестата иронично се насмеала, си го фатила момчето под мишка и кинисале в кревет на спиење.

Кога го слуш­­нале свекрвата и золвите невестиниот одговор, ги наклапушиле ушите, ги наведнале главите и се засрамиле. Спласнала и веселбата.

Свекр­вата се подбрадила од срам, лицето да не í се гледа. Една по една, золвите со свекрвата í се извиниле на невестата. Благодарение на  табиетот на невестата, се сменил карактерот на куќата. Фамилијата станала угледна во селото.

Loading