ЖЕЛКИ СПЕЧАЛИЛЕ ДУЌАН

Tatko mu Kiril specalil duikan od zelki - sinot Dimitrija MihajloskiФарма на желки во селото Бело Поле

Италијанци купувале животни во оклоп пред 40 години во Прилеп

Се извезувале и жаби

Во прилепско селот пред години човек “диплел дебели,, пари од одгледување желки. Познавачите велат дека немало гарантиран откуп, како за полжавите. Оние што своевремено ја виделе фармата велат дека одгледувачот влегол длабоко во “технологијата на производство”. Успеал да обезбеди природен амбиент за размножување на желките. Сопственикот никогаш не сакал да зборува од само нему познати причини. Протекувале сознанија дека одгледувањето е профитабилен и интересен бизнис. Се продавале малите желки за миленичиња. Главно се пласирале во Велика Британија и Полска. Барале и во други земји на Запад. Една од сувоземна желка се продавала најмалку по 50 евра. ,,Врвеле,, и над 200, во зависност од големината. И денес таинствено се ,,гледаат,, желки за бизнис во странство. Но, тоа се прави дискретно, конспиративно, оти е сомнителен бизнис, што е на работ на легалитетот.

Се извезувале желки за храна во Италија

Порано се откупувале желки за храна за Италија. Прилеп познава човек кој од 1960 до 1970 година откупувал желки и ги продавал на Италијанците. Покојниот Кирил Михајлоски, Ѕ’нако бил единствен кој желките ги откупувал според големината. Најбарани биле од 12 сантиметри, зашто биле деликатес по италијанските ресторани. Многу вкусни биле копаните, бутовите.

Семејството на Михајлоски ги памети бизнисите со желки и жаби на главата во куќата.

– Не знам зошто татко ми се одлучи за бизнис – трговија со желки.  Тие му “донесоа” дуќан во чаршијата. Тој го нареди со желки  да се знае од што е спечален. Желките ги откупувавме во лето и ги чувавме во специјални кошови. Не ги храневме, оти беа издржливи. По 20-тина сандаци или околу две – три илјади живи желки испраќавме еднаш неделно со експресен воз за Љубљана. Оттаму за Италија. Не бараа некој посебен вид на желки. Само од нашето поднебје. Селаните носеа, оти знаеја дека веднаш им се плаќаше. Италијанците даваа пари и предвреме. Најинтересно беше кога некоја од желките ќе положеше јајца во дворот – се сеќава 62 годишниот Димитрија Михајлоски, син на Кирил, кој тогаш бил дете и сакал да си игра со желките.

Milenicinja i delikates -  Kopnena zelka

Барска жаба в тава

Објаснува дека Италијанците го поттикнале да откупува и жаби.

– Зелени барски жаби фаќани по барите беа интересни за пласман. Ги мамеа со карабитни ламби кои ги испраќаа Италијанците. Ги стававме во округли специјални корпи од мрежа плетени. Во дворот ги чувавме со желките. Жабите почесто ги прескавме со вода, зашто се поспецифични, понежни. Ги откупувавме на парче. И овој беше доходовен бизнис – се сеќава Михајлоски.

Тој вели дека тоа е интересен бизнис, но потребна е поголема информираност од Друштвата за заштита на животните. Кажува дека Мариово има многу желки, карактеристични за ридско-планинските предели.

Желките живеат и до 200 години

Има околу 300 видови желки, од кои седум се морски, 180 слатководни, а останатите живеат на копно. Имаат едноставен оклоп што ги штити од страв. Ја вовлекуваат главата, неми се, немаат заби и уши, но чувствуваат вибрации. Имаат изразено чувство за мирис. Денот им поминува во потрага по храна. Повеќето се долги од 10 до 30 сантиметри, а морските достигнуваат и до еден метар.

Живеат и до 200 години, можат да бидат тревопасни, или месојадни. Најважно им е храната да е богата со калциум поради оклопот. Луѓето ги убиваат како штетници, но има многу кои ги чуваат како миленичиња.  Најинтересни се водните желки, кои се најефтини.

Најстариот фосил е пронајден во Германија, и тоа со заби.

Loading