Во Небрегово
На 7 декември ќе биде одбележана 25 годишнината од смртта на основоположникот на македонскиот современ литературен јазик и граматика, Блаже Конески во неговата родна куќа во Небрегово. Завод и музеј вложи околу еден милион денари да се спаси Спомен-музејот на Конески и оригиналната музејска поставка од забот на времето родната. Последните три-четири години биле критични, оти камените плочи на покривот почнале да се лизгаат.
Музејот е отворен во 2005 година.
Се постави нова дрвена конструкција и заштита пак да се долови автентичноста.
– Спомен-куќата на Конески првпат се препокрива со камени плочи од Грција по отворањето во 2005 година. Нужна беше интервенција, поради временските прилики со годините. Новиот покрив е поквалитетен и треба да трае подолго време – вели директорот Благоја Атанасоски.
Спомен-куќата е посетувана од групи ученици, туристи, странски и домашни, научни работници. Се одржуваат и повеќе манифестации.