Нашиот уметник Кирил Гегоски се претстави со 20 цртежи на изложбата во Њујорк. На Американците им беше презентиран скромен дел цртежи од богатото творештво инспирирано од природата.
Гегоски е уметник кој во толкувањето и пренесувањето на природата пристапува синтетички, со крајна едноставност и геометриски повлечена линија, во која има доста сензибилитет.
Повеќе од 40 години се изразува низ повеќе техники – графика, цртеж, масло на платно. Имал изложби во земјата и во странство. Бил на студиски престои во Париз, Венеција, Атина..