ИНСТАЛАЦИЈАТА „ПРАЗНА ГАЛЕРИЈА“ ОД МЕТОДИ ИСКОВ

Metodi Iskov„Празна галерија“ е изложбата од уметникот Методи Исков што ќе биде отворена вечерва од 19.30 часот во ликовната галерија на ЦК „Марко Цепенков“. Инсталацијата ќе биде поставена во галеријата. Доминираат антички скулптури затворени во кутија, а во кои ќе може да се ѕирка.

Проектот треба да одговори на прашањето колку и како се гледа на уметноста.

 -Се стремам да  поттикнам критичко – филозофски став и заедно да се доближиме до призмата низ која се согледува денешниот поглед кон уметноста – вели Исков.

Уметникот во 2014 год. дипломира на Факултетот за ликовни уметности во Скопје, отсек вајарство. Покрај индивидуалните ангажмани, уметничко искуство стекнал со изработката на скулптури вклучени во урбанистички план на Скопје. Учествувал при изработка на палета мозаици,  како кај црквата Св. Константин и Елена во Скопје, мозаик поставен во базиликата на Св. Благовештение во Назарет – Израел со ликот на Пресвета Богородица, мозаиците во Црквата Св. Петка во Прилеп… Негови дела се и повеќе мурали низ градот, меѓу кои и во библиотеката.

Уметничкиот развој го шири кон графичкиот дизајн и на ентериерите.

Loading