СТИХОВИ ОД ОЛГИЦА ТРПЧЕСКА ВО „ТАНЦ НА ДУШАТА“

Olgica trpceska„Еве уште душава

ми липа

за танцот на спомени

што го оставив

за немоќта тивко

во мене….“

Ова е дел од стиховите во поетската збирка „Танц на душата“ од поетесата Олгица Трпческа, која преку нејзиното стихотворство ги открива пределите на сончевината на животот, кои никогаш не сме ги виделе, хоризонтите на далечините кои никогаш не сме ги почувствувале, капките од дождот…, односно сегментите и инспирациите кои биле дел од нејзината душа.

Трпческа го,,слекува,, животот низ танцовите на душата, како најкомплексна лекција која се совладува. Таа пронаоѓа смисла, открива еден свет на несекојдневен мотив каде главната улога ја има танцот.

Стиховите се слика човековото битисување, силата да се создаде танц во душата низ љубовта и животот, со сите нијанси на темнината и светлината, со сите впечатливи контури од кои произлегува убавината на стиховите и милозвучноста на зборовите преплетени во песни. Секој стих носи порака, мајсторски и нанеметливо  остава  простор читателот да се вознесе низ превезот од зборовите.

Трпческа е член на Клубот на литературни творци – Прилеп. Поезијата, драматизацијата и музиката í се дел од животот. Се охрабрила со објава на песни на ФБ, за да ја создаде збирката ,,Танц на душата,,.

Loading