ПОДГОТОВКИ ЗА ТУРНИРОТ ВО МАЛ ФУДБАЛ „СВЕТИ НИКОЛА 2018“

Mal fudbal 18

Од 7 до 25 декември, ќе се одржи осмото издание на традиционалниот турнир во мал фудбал „Свети Никола 2018“ во чест на патронот на градот. Средствата ќе бидат наменети за децата со ретки блести. Турнирот со хуманитарен карактер, го организираат локалниот спортски сојуз и Општината под покровителство на Комфи Ангел.

Ќе учествуваат различните возрасни групи. Пријавувањето е до 4 декември и ќе изнесува 5.000 денари за сениори, 3.000 за ветерани и 1.500 денари за пионери. Наградниот фонд е 330.000 денари, од кои 160.000 се за првото место, 90.000 за второто и 60.000 денари за третото место. Првопласираните ветерани ќе добијат 20.000 денари, а најдобрите најмлади ќе бидат наградени со блузони, дуксерки и фудбалски топки.

На сопственичката на Комфи Ангел, Ирена Јакимоска, í е драго што се негува традицијата на турнирот во мал фудбал, бидејќи еден од иницијаторите  бил и татко í Велимир Јакимоски.

Собраните 180.000 денари лани беа донирани на Центарот за лица со церебрална парализа.

Loading