ПЕТ ВРЗАНИ МЕЧА

Победа

Далеку е 5 декември и одморот за прволигашките екипи, ако се има предвид дека се играат пет врзани меча. Екипата на Победа вчера гостуваше во Струмица на Академија Пандев, а веќе в недела е првенствениот натпревар дома со Шкендија. В среда е гостувањето на Вардар во Скопје, за по четири дена дома со Македонија ЃП. Крајот е реванш четвртфинален дуел од Купот, дома со Шкендија (по триумфот 0-1 во Тетово).

Борбата е за 4 место во Лигата и полуфинале во Купот.

Loading