АКО ГУБАТ, САМО ДА НЕ ОТПАДНАТ

Ракомет/фудбал: Три тима од можни 108 освоија 24 бода

Прилеп е претпоследен, Партизан трет оддолу, Деспина безбедна

Тешка есен за три наши тима во екипните спортови – машки и женски ракомет, второлигашки фудбал. Најдобар коментар е на еден редовен посетител. Вели: ,,Си одам дома и родителите  ме прашуваат: Што направија мажите? Изгубија. Наредната недела: Што направија жените? Изгубија. Третата недела: Што направија обршанците? Изгубија. Аман бре, ми велат, има ли крај,,. Навистина, многу порази, а ретко некое реми или победа. Вкупно одиграа 36 меча, а од можните 108 освоија само 24 бода.

Машкиот ракометен суперлигаш Прилеп одигра 10 меча. Освои само 4 бода, преку 1 триумф (дома со Борец), 1 реми (во Струга) и 8 порази. Последниот е дома од дебитантот во лигата, Бутел, со убедливи 30-38. Не е изненадување, зашто гостинскиот состав е второпласиран. Претстојат шанси за поправање на впечатокот. Важни се двата наредни меча. Прво на гости кај Борец во Велес. Треба да се очекува победа против последниот тим на таблета, кој нема ниту бод. Потоа е натпреварот дома со Вардар јуниор.  Во оваа лига последниот отпаѓа, а претпоследниот игра бараж.

Табела: Еурофарм 27, Бутел 24, Пролет и Охрид 21, Пелистер 18, Струга 13, Радовиш и Вардар ј. 9, Прилеп 4, Борец 0.

Женскиот состав на Деспина одигра 13 меча. Има 3 победи (дома и на гости со Овче Поле, дома со Цемс) 1 реми (дома со Спартак) и 9 порази. Последниот е во Скопје од Вардар со 31-20. Тука е рамката на очекувањата. Следи пауза до 9 декември, кога е мечот дома со Гевгелија, можност за реванш по поразот со два разлика од овој противник. Треба да се знае дека нема отпаѓање, затоа што е единствена лига во државава.

Табела: Металург 33, Куманово 31, Вардар 28, Стружанка 25, Пелистер 21, Спартак 17, Гевгелија 12, Деспина 10, Цемс 9, Овче Поле 0.

Фудбалскиот второлигаш Партизан одигра 13 меча. Трипати победи (на гости со Саса, дома со Плачковица и Детонит Радовиш) 1 реми (дома со Саса) и 9 порази (последниот дома со 0-1 од Кожуф). Со дуелот кај Плачковица во Радовиш в сабота завршува есенскиот дел.

Табела: Борец 34, Тиквеш 28, Кожуф 25, Брегалница и Пехчево 23, Плачковица 12, Детонит Радовиш и Партизан 10, Вардар и Саса 7.

Loading