ВТОРПАТ СО БУТЕЛ

Ракомет

Тимот на Прилеп влезе во мошне напорен период од есенската суперлигашка полусезона, пради трите ,,врзани,, меча оваа недела. Прво беше гостувањето кај Пелистер во Битола и очекуваниот висок пораз (35-23). Во средата се одигра и дуелот дома со Пролет (27-40). Викендов е нов меч дома, во салата ,,Ричко,, против Бутел. Од овој противник беше претрпен пораз на стартот, и тоа со младински состав. Сега се очекува реванш. Но, нималку нема да е лесно, поради квалитетот што го покажаа скопјаните. Тие постигнаа 6 победи, а се поразени двапати. Табела: Еурофарм 24, Бутел, Охрид и Пелистер 18, Пролет 15, Струга 10, Вардар ј. 9, Прилеп 4, Радовиш 3, Борец 0.

Женскиот состав на Деспина загуби дома со фаворитот Металург (19-29) и од Стружанка во Струга (16-14). Викендов е гостувањето на Вардар во Скопје.

Loading