„РЕАЛ СА НИШАВЕ“ ПРИМИ 7 ГОЛА

Историја

Еден од најдобрите пријателски натпревари што Победа ги одиграла во историјата е против Раднички Ниш, реномираниот прволигаш. Прочуениот „Реал са Нишаве“ гостуваше на Градскиот стадион ,,Гоце Делчев,, на 28 јули 1977 година, во пресрет на новото првенство. Нишлиите, предводени од новиот тренер Јосип Дуванчиќ, не беа свесни со кого имаат работа. Од прилепскиот второлигаш примија неверојатни – 7 гола, за конечен резултат 7-3! Стрелци по двапати беа Р. Ѓорѓиоски и Глигороски, по еднаш Ѓ. Николоски, Магдески и Митев. За гостите настапија познати имиња од тоа време, како голманот Миленковиќ, па Халиловиќ, Обрадовиќ, Панајотовиќ… Тренерот на Победа, Александар Петаковиќ, се одлучи за: Тодороски (Нешкоски), Мечев (Адамчески), Митев, Дрвошанов (Николоски), Глушески (К. Секулов), Л. Петрески, Манески (З. Конески), Магдески, Глигороски, Р. Ѓорѓиоски (Момироски), Ѓ. Николоски.

Уживаа  7000 гледачи.

Loading